Типови на кашлица

Врз основа на симптомите и постоењето на секрет, експертите разликуваат два типа на кашлица: сува и продуктивна кашлица. Основната разлика помеѓу нив е во создавањето на секрет. При сувата кашлица не се создава секрет, додека при продуктивната кашлица постои прекумерно создавање на секрет. Бидејќи сувата и продуктивната кашлица имаат различни механизми, тие треба да се лекуваат на различен начин.

Експертите разликуваат неколку типа на кашлица

Во зависност од времетраењето, кашлицата може да биде акутна (почнува ненадејно, трае до три недели) или хронична (трае повеќе од три недели).

Во зависност од создавањето на секрет, експертите разликуваат два типа на кашлица: сува и продуктивна.

  • Сува, надразнителна кашлица: вообичено не се создава секрет. Кога лицето кашла, не се појавува секрет во грлото. Оваа кашлица обично е надразнителна и непријатна. Пациентот чувствува дека треба нешто да искашла, но не може. Овој тип на кашлица може да го наруши и спиењето. Тука можете да слушнете како звучи сувата кашлица.
  • Влажна, продуктивна кашлица: кога постои прекумерно создавање на густ секрет кој често пати тешко се искашлува. Во споредба со сувата кашлица, продуктивната кашлица трае подолго и пациентот чувствува дека му е подобро по секое искашлување. Тука можете да слушнете како звучи продуктивната кашлица.

Може ли сувата кашлица да стане продуктивна?

Да, може.

Многу инфекции на дишните патишта, како што се настинката и грипот, започнуваат со сува кашлица. Како што се суши слузницата, рецепторите стануваат се повеќе надразнети што тера на кашлање.

По неколку дена, кашлицата може да стане продуктивна бидејќи слузницата на дишните патишта започнува да создава повеќе секрет.

Бидејќи сувата и продуктивната кашлица се разликуваат, потребно е да се лекуваат на различен начин. Погледнете во начини на лекување на двата типа на кашлица.

Дали кашлате и сакате да дознаете кој тип на кашлица го имате? Дали вашето дете има кашлица и сакате да знаете како да му помогнете? Дознајте каков тип на кашлица имате?